Дома Фудбал Напаѓачот на Андора си поигра со Мбапе додека тој даваше интервју (ВИДЕО)

Напаѓачот на Андора си поигра со Мбапе додека тој даваше интервју (ВИДЕО)

Во изминатата вечер се играа натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а помеѓу оние репрезентации кои играа беа и селекциите на Франција и Андора.

Франција ја победи Андора со 0:4, а свој допринос во триумфот даде и Килијан Мбапе. Интересна сцена се случи после натпреварот кога напаѓачот на Андора, Кристијан Мартинез му ја симна кaчулката на францускиот напаѓач во текот на интервјуто.

Според реакцијата и изразот на лицето може да се заклучи дека таквиот потег на напаѓачот на Андора на Мбапе воопшто не му се допадна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…