Дома Фудбал Англичаните тврдат дека ова е најлошиот корнер што некогаш бил изведен

Англичаните тврдат дека ова е најлошиот корнер што некогаш бил изведен

Крилниот напаѓач на Свонси, Роналд стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

На натпреварот од Чемпионшип против Бристол, тој изведе еден од најлошите корнери досега.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во 24. минута овој фудбалер тргна да изведе корнер. Неговиот соиграч Кајл Натон му се понуди и Роналд реши да му игра кратко додавање.

Сепак, следеше вистинска брука. 22-годишниот бразилски офанзивец не успеа да му ја додаде топката на соиграчот кој беше на околу 10 метри од него. Наместо тоа, топката заврши надвор од границите на теренот

Очекувано, коментарите по овој потег се брутални. Несреќниот Роналд стана предмет на потсмев и не му е баш паметно да се вклучува на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…