Дома Фудбал Англија Англичаните планираат двомесечен трансфер пазар

Англичаните планираат двомесечен трансфер пазар

Фудбалската асоцијација на Англија планира трансфер прозорецот ова лето да биде отворен од август до септември.

Во нормални услови клубовите ќе имаа шанса да регистрираат нови фудбалери уште од 18-ти јуни, но во услови на пандемија трансфер пазарот во цена Европа се оддолжи.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Од ФИФА поставија „рамка“ од почетниот и крајниот датум за летниот трансфер пазар, но Федерациите сами ќе имаат можност да решат кога ќе започне и колку ќе трае трансфер пазарот.

Од Италија вчера официјално потврдија дека летниот трансфер пазар во Италија ќе биде од 1 септември до 5 октомври. Во Франција меѓународните трансфери ќе можат да се прават во периодот од август до октомври.

Во Примера и Бундеслигата се уште нема конкретни датуми, но како и во Англија, нема да се разликува многу од другите најсилни лиги во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид денеска го претставува аргентинскиот фудбалски талент 

  Реал Мадрид вчера објави дека денеска Франко Мастантуоно ќе биде официјално претставен к…