Дома Фудбал Англија Англичаните безмислосни – Новиот прекар на Симон Мињоле ќе ве насмее до солзи!

Англичаните безмислосни – Новиот прекар на Симон Мињоле ќе ве насмее до солзи!

Симон Мињоле повторно беше трагичар за Ливерпул.

Изминатата вечер гледавме навистина возбудлив натпревар помеѓу Арсенал и Ливерпул, гостите имаа предност од 0:2, домаќините успеаа да направат пресврт и да стигнат до 3:2, за на крајот натпреварот да заврши без победник 3:3.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На овој натпревар видовме се и сешто, а двата голмани се истакнаа со по еден кикс. Додека за Петар Чех тоа е неочекувано, за Мињоле баш и не можеме истото да го кажаме бидејќи често пати му се случуваат вакви работи во последните неколку години.

Белгиецот е одличен голман во тоа нема сомневање, но е и склон кон киксови, што се виде и на вчерашниот натпревар при ударот на Гранит Џака.

Голот кој го постигна Џака можете да го погледнете ТУКА.

Поради тоа навивачите на Ливерпул му дадоа нов прекар, а тој го смисли бразилскиот коментатор на „ЕСПН“

Симон „Lettuce hand“ Мињоле, што во превод значи „рака од лист зелка“ Мињоле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не е за директор: Јирген Клоп на голема врата се враќа на тренерската работа?

Јирген Клоп на крајот од минатата сезона го напушти Ливерпул и стана директор во РБ Лајпци…