ФИФА ја одобри молбата на тинејџерот Џамал Мусиала да игра за репрезентацијата на Германија, а не за Англија.
18-годишниот талент на Баерн Минхен уште минатиот месец одлучи дека сака да игра за Германија и може да добие повик за престојните квалификациони натпревари за СП.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Германските медиуми тврдат дека Мусиала ќе добие повик веднаш, па можно е да дебитира токму против Македонија на 31 март.
Таткото на Мусиала е Англичанец со нигериско потекло, додека неговата мајка е Германка. Тој потекнува од академијата на Челзи, а од 2011 година се пресели во Баерн.
Мусиала играше за сите младите репрезентации на Аглија, но сега се одлучи да настапува за германската репрезентација.
Jamal Musiala has officially been given clearance from FIFA to change his allegiance from England to Germany. Joachim Löw is now free to call Musiala up to his squad [Sky] pic.twitter.com/ot3AZQZkFm
— Sextuple winners 🏆🏆🏆🏆🏆🏆 (@iMiaSanMia) March 12, 2021