Како што пренесуваат англиските медиуми, францускиот фудбалер кој се наоѓа на мета на голем број клубови знае каде би ја продолжил кариерата.
Тома Лемар минатата сезона блесна во дресот на Монако, беше еден од најдобрите во тимот кој стигна до титулата во Лига 1 и полуфиналето во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа во текот на летото Лемар констатно се поврзуваше со заминување, но на крајот остана во францускиот клуб.
Арсенал беше блиску до негов ангажман во последните моменти од преодениот рок. Венгер испрати понуда во последниот ден, но самиот Лемар го одби трнасферот бидејќи како што истакна имал желба да настапува во Лигата на шампионите.
„Топџиите“ и понатаму се заинтересирани за неговите услуги, но изгледа дека Французинот направил избор. Имено, тој би сакал кариерата да ја продолжи во редовите на Ливерпул.
Ливерпул и Клоп веруваат дека имаат предност пред останатите клубови, па се очекува во јануари да испратат понуда за неговите услуги. Се шпекулира дека се спремни да платат и 90 милиони евра.