Славјето и победата против Косово се веќе минато, пред Македонија е нов предизвик – Естонија.
Во натпреварот против Естонија Македонија ќе се бори за првото место во групата кое може да донесе бараж за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година, затоа е и важно да се победат Естониците.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Емоциите се зад нас, славјето е минато, сакавме победа против Косово и финале и го добивме тоа, но сега не чека нов натпревар. Секако дека очекувам фудбалерите повторно да го дадат максимумот, концентрацијата е максимум на Естонија, добро стартувавме во новата сезона и сме први, утре ќе одиме по три бода за да ја задржиме позицијата. Овие натпревари воедно ќе бидат и подготовка за финалето со Грузија на 12. ноември, сепак одиме чекор по чекор“, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.
За овој натпревар Македонија нема да смета на Бејтулаи, Адеми и Тошевски кои се повредени, како и Муслиу кој е суспендиран поради црвениот картон на претходниот натпревар. Денес и Стефан Ристовски поради повреда тренирал одвоено меѓутоа се очекува тој да биде спремен.
„И порано сме имале повредени фудбалери, па останатите се ставале во функција и пополнувале позиции, очекувам и сега да биде надополнет секој недостаток“, порача селекторот.