Репрезентацијата на Македонија денес ги започнува припремите за натпреварот против Словенија во квалификациите за Европското првенство.
Македонија ја очекуваат два тешки натпревари против Словенија и Полска. Прво дома во петок (10-ти) играме против Словенија, а потоа гостуваме на Полска.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот Игор Ангеловски верува во фудбалерите и се надева на триумф и покрај тоа што нема да сметаме на Енис Барди (повреда) и Егзон Бејтулаи (повреда).
„Барди секако дека е важен играч и ќе ни беше од голема корист во овие два натпревари. Поради тоа и поради суспензијата на Бејтуали се одлучив да повикам двајца нови фудбалери. Стоилов подолго време игра добро во нашето првенство и е еден од лидерите на Академија Пандев, Младеновски има само 19 години и одигра супер натпревар во дербито помеѓу Вардар и Шкендија. Очекувам од него да покаже калибар на репрезентативец“.
„Добро знаеме што значи овој натпревар за нас. Имаме отсуства, но не се жалам, верувам во квалитетот на сите кои ги имам на расплагање. Со борбеност и дисциплина можеме да дојдеме до целта, а тоа е победа“, изјави селекторот.