Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Не планираме да застанеме со пласманот во финале

Ангеловски: Не планираме да застанеме со пласманот во финале

Денеска репрезентацијата на Македонија се собира пред историскиот натпревар со Грузија во четврток.

Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми пред овој дуел затоа што неизвесен за настап е Арјан Адеми кој е повреден, а од списокот отпадна Даниел Божиновски, кој беше позитивен на Ковид-19.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Знаеме против кого играме, знаеме за што играме. Треба да бидеме максимално сконцентрирани, мотивирано да го одиграме натпреварот и да го добиеме за конечно да се пласираме на Европското првенство. Ова е натпревар кој навистина носи посебни емоции бидејќи имаме шанса на фудбалска Македонија да и донесеме пласман на Европско првенство. Со позитивните резултати кои ги остваривме се донесовме во таква ситуација, среќни сме што сме дел од ова финале, но не планираме тука да застанеме. Ова е потполно нов натпревар во однос на нашите два меѓусебни меча, ова е финале, двете репрезентации ќе влезат различно во дуелот во кој очекувам да решаваат нијанси, а тие да бидат на наша страна“, изјави Ангеловски

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…