Репрезентацијата на Македонија вечерва стигна до победа и дојде на чекор од историски пласман на едно ЕП. За тоа потребна ни е само уште победа против Грузија.
Селекторот Ангеловски разбирливо беше задоволен од изданието на нашата селекција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сите сме еуфорични и заслуживме да се радуваме, но ништо уште не сме направиле. Вечерва може да се слави, но од утре мораме да почнеме со работа затоа што немаме многу време“.
„За финалето најмногу од се посакувам сите играчи да ги имам на расплагање, знаеме сите каква е ситуацијата. Играта можеби некогаш не е најдобра, но подобро да трепериме и да победиме. Можевме да го решиме натпреварот, пропуштивме неколку прилики. Столе на крај не спаси, од трагичар се претвори во херој, на крајот најважно е што победивме“.
Според Ангеловски главниот судија на денешниот натпревар немал ист критериум.
„Никогаш не го коментирам судењето. Но, денес мислам дека судијата немаше ист криетериум и мислам дека беше благо наклонет кој противничката репрезентација“.
„Дамка“ во победата е само поведата на Бејтулаи.
„Мене ми е жал што се повреди, се надевам и се молам да не станува збор за посериозна повреда. Секако, дека ќе ни биде од голема корист ако го имаме на располагање во наредните натпревари. Вечерва ќе бидат натпреварени дополнителни прегледи, после што ќе се знае повеќе“.