Селекторот Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните настапи на македонската репрезентација против Словенија и Полска во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Меѓу нив е неизвесен до последен момент е само повредениот Енис Барди додека Езџан Алиоски ќе биде опција само за реваншот со Полјаците поради акумулкирани жолти картони.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На листата се најде и Стефан Ристовски од Спортинг, кој со месеци беше надвор поради повреда, а од претходниот собир, единствено ќе го нема Кире Маркоски.
„Имаме измена во одбраната. За жал, Велковски има повреда која не дава можност да биде тука. Бејтулаи не игра во првиот меч, а до последен момент ќе се надеваме за Барди, иако првите најави не се добри“
Верувам дека тимот ќе го издржи целиот товар, и дека против Словенија ќе одиграме најдобро. Ќе дадеме се од себе, и сакам да уживаме бидејќи сами се изборивме да бидеме во една ваква ситуација да се бориме за пласман на ЕП“, изјави Ангеловски.