Дома Македонски спорт Мак фудбал Анализа на ФФМ за ПМФЛ и ВМФЛ: Оштетени Брегалница, Воска и Шкендија

Анализа на ФФМ за ПМФЛ и ВМФЛ: Оштетени Брегалница, Воска и Шкендија

Судиска анализа за 9. коло од ПРВА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На натпреварот  ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – ФК СТРУГА ТРИМ ЉУМ одигран на 01.10.2022 година, анализирани се ситуаците од 74. и 83. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од домашната екипа на средина на терен го повлече од зад грб играчот од екипата на гостите правејќи прекршок, играчот имаше отворен простор пред себе и беше во ветувачка акција.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за влечење и спречување ветувачка акција и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините. Бидејќи тоа беше втор жолт картон, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите ја одби топката со глава, истата дојде до негов соиграч кој играше невнимателно и  ја удри топката со рака.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за игра со рака на играчот од одбраната на гостите.

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Работнички одигран на 01.10.2022 година, анализирани  се ситуациите од 12, 23, 58 и 62 минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

12. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до играч од нападот на домаќините кој ја удри со глава и помина покрај голот. Меѓутоа откако напаѓачот ја удри топката со глава, пред топката да напушти гол линијата, дојде до невнимателен дуел (тело со тело) со играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од гол, бидејќи играчот од екипата на домаќините  ја упати топката кон голот на гостите и отпосле дојде до невнимателен дуел со играч од одбраната на домаќините, кој е недоволен за да се досуди удар од 11 метри.

23. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од нападот на гостите со глава ја удри топката кон голот на домаќините, удрената топка од напаѓачот удира во главата на одбранбениот играч од домаќините и се одбива во рака на соиграч која е во природна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација вториот помошен судија му дава на главниот судија погрешна информација, т.е. да се досуди удар од 11 метри за игра со рака.

58. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините ја имаше во посед топката и влезе во шеснаесетникот на гостите, на него стартуваше (препнување) играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна проценка на главниот судија што досуди удар од 11 метри, бидејќи играчот од одбраната на гостите направи прекршок (препнување) без да има шанса да игра со топката.

62. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, играч од нападот на домаќините ја удри топката со глава, која се одби од гредата и дојде до соиграч на напаѓачот кој постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот на домаќините ја удри топката кон голот, неговиот соиграч што го постигна гол се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите.

На натпреварот  ФК ПОБЕДА – ФК ШКЕНДИЈА одигран на 02.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 20. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

20. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите прими топка централно (на 10 метри) од голот на домаќините и шутираше кон голот. Играч од одбраната на домаќините го блокираше шутот со рака која беше широко одвоена од телото и во неприродна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри и да се додели жолт картон за играчот од одбраната на домаќините, бидејки шутот беше кон голот и раката на одбранбениот играч беше во неприродна положба, т.е широко одвоена од телото.

Исто така, не сме задоволни од судењето на вториот помошен судија, кој во неколку наврати имаше погрешни проценки за офсајд позиција.

На натпреварите ФК ШКУПИ – ФК СИЛЕКС и ФК ТИКВЕШ – ФК. СКОПЈЕ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 6. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК ПЕЛИСТЕР – ФК ВОСКА одигран на 01.10.2022 година анализирани се ситуациите од 37, 81 и 87 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошен судија: Бранко Путилин и Слаѓан Марковски;

37. минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија што го поништи голот и досуди офсајд позиција, бидејќи во моментот на центаршутот играчот од нападот на гостите беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

81. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Во шеснаесетникот на домаќините играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејќи во моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

87. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, на неа скокнаа двајца противнички играчи, домашниот одбранбен ја удри топката со глава која потоа се одби од главата на играчот од нападот на гостите и дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот од нападот на гостите играше со глава, неговиот соиграч се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

На натпреварот ФК Беласица – ФК Беса одигран на 01.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90. минута.

Главен судија: Спире Арсов; Помошен судија: Богданчо Ѓорѓиев и Јордан Ѓорѓиев;

90. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНА И СОРАБОТКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН И ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на домаќините странично од голот на гостите даде долга топка, на неа тргна негов соиграч кој беше во офсајд позиција, но не играше со топката, туку истиот играч што ја даде топката продолжи да игра со неа.

Погрешна одлука на асистентот судија што досуди офсајд позиција, требаше да сочека да види и процени кој ќе игра со топката, исто така во оваа ситуација мора и главниот судија да донесе правилна одлука, т.е. да дозволи играта да продолжи, бидејќи јасно ја гледа цела ситуација.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …