Мора да кажеме дека потполно заслужено се овие две екипи во полуфиналето од Лига Европа. Ниту Интер, а ниту Шахтјор не успеаа да ја поминат групата, но како третопласирани најдоа место во послабото европско натпреварување и сега еве ги на прагот од финалето.
Интер: Европски трофеј за Интер?
Последен пат во завршницата од некој европски куп, Интер го гледавме пред десет години. Тогаш овој тим беше непобедлив. Освен трофејот на домашно тло, ја освоија и ЛШ, па навивачите беа во делириум. Успесите се врзуваат за тренерот Мурињо, но многу ги забораваат и фантастичните фудбалери од тој период. Миланскиот тим одлично се снајде на завршниот турнир. Прво играа со Хетафе, а потоа го елиминираа и Леверкузен. Сега имаат уште еден тежок испит, бидејќи се сретнуваат со Шахтјор, екипата која буквално „вези“ оваа година во Лига Европа.
Шахтјор: Украинците влегоа во топ форма, а трофејот не е далеку
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Начинот на кој Шахтјор игра во последно време ја восхити цела Европа. Овој тим ја одбрани титулата во Украина и повторно ќе игра во ЛШ, но силно го посакува овој трофеј кој не им е освоено уште од далечната 2009 година. Многу проблеми Шахтјор имаше во групата на ЛШ, но сепак успеа да го преземе третото место и да стигне во ЛЕ. За ¼ финалето не се ни сомневавме дека ќе го поминат Базел. Резултатот беше 4-1, а се беше решено уште во првото полувреме кога заводија со 2-0. Шахтјор игра одлично и делува доста моќно, па искрено кој и да е исходот на овој натпревар нема да бидеме изненадени.
Предлог
Овде едноставно нема фаворит. Интер има познати имиња во тимот, но Шахтјор е појак како колектив и не треба да се занемари мајсторството на Бразилецот од тој тим. Овде очекуваме отворен натпревар и предлагаме 4+ со квота 2.50 во 22Bet, а љубителите на конечен исход ги советуваме да испробаат со Х со квота 4.38 во истата обложувалница.