Дома Фудбал Италија Американци го спасуваат кинескиот Интер

Американци го спасуваат кинескиот Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Интер, Стивен Жанг обезбедил 250 милиони евра за касата на клубот.

Како што е познато, Интер има големи финансиски проблеми и доцни со исплата на платите и обврските, па Жанг мора да обезбеди 250 милиони евра до крајот на сезоната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Кориере дела Сера“ пренесува дека американскиот инвестициски фонд „Беин Капитал“ е спремен да даде 250 милиони евра.

Компанијата „Сунинг“ сака да остане сопственик на клубот, па првата опција е да земи кредит од 250 милиони евра, а втората опција е да продаде 31,5% од акциите на клубот.

Интер цела сезона има финансиски проблеми и доцни со платите бидејќи Кина забрани одлив на капитал, па „Сунинг“ има потешкотии да го води клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…