Кошаркарската репрезентација на САД дојде до првата победа на Олимписките игри во Токио.
Откако во првото коло беа поразени од Франција, Американците немаа проблеми против селекцијата на Иран и ја разбија оваа селекција со 120:66. Тимот на Грег Попович доминираше од првата минута во овој натпревар. После 10 минути игра веќе беше 28:12, а до полувремето предноста на САД изнесуваше и 30 поени (60:30).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И во второто полувреме работите не се променија, Американците доминираа на паркетот и беше само прашање со каков резултат ќе заврши овој натпревар. На крајот тие славеа со 54 поени разлика.
Лилард ги предводеше Американците со 21 поен, додека кај Иран најефикасен беше Хамед Хадади со 15 поени.
Во последното коло од групната фаза САД ќе игра против Чешка, додека Иран оди на дуел со Франција.