Со победата против Бразил селекцијата на САД го обезбеди првото место во групата К.
Пулените на Грег Попович се мачеа со искусните Бразилци во првите 20 минути, но во третата четвртина успеаа да превземат контрола и на крајот да слават со резултат 89:73.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се држеа Бразилците во првото полувреме, првата четвртина ја добија Американците со 21:18.
После неколку минути во втората четвртина, Бразил остана без селектор откако хрватскиот стратег Ацо Петровиќ заработи втора техничка грешка и со самото тоа исклучување.
Петровиќ не успеа да се воздржи и беше бесен кога во една прилика Варежао не доби фаул. Во тој момент тој влезе на паркетот и се расправаше со судиите и Донован Мичел после тоа мораше да се упати кон соблекувалната.
Се држеа неговите пулени до крајот на полувреме кое селекцијата на САД го доби со 43:39.
Во третата четвртина Американците успеаа да ја зголемат предност и овој период го завршија со +11. После тој период предноста на Бразил само растеше и Бразилците.
Американците беа предводени од Мајлс Тарнер (8 скокови) и Кемба Вокер (5 асистенции) со по 16 поени, ги следе Браун со 11 и Барнс со 10.
Кај Бразил Бените беше најефикасен со 21, 14 додаде Леандрињо Барбоса.
Со оваа победа на САД се формирани и сите четврфинални парови.
Аргентина – Србија
САД – Франција
Шпанија – Полска
Австралија – Чешка