Дома Останати Тенис Eкс-тенисерка објави видео и тврди дека победата на Ѓоковиќ е нерегуларна 🎥

Eкс-тенисерка објави видео и тврди дека победата на Ѓоковиќ е нерегуларна 🎥

Новак Ѓоковиќ изминатата вечер ја освои својата 39. титула на Мастерс турнриите откако во драматично финале го победи Карлос Алкараз.

Српскиот тенисер славеше по борба која траеше скоро четири часа, ова беше најдолгиот меч одигран во историјата на Синсинати. По триумфот на Ѓоковиќ се огласи и поранешната австралиска тенисерка, Рене Стабс која иако му честиташе на Ѓоковиќ, истакна и дека според неа победничкиот поен не е регуларен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Стабс смета дека имало нец при сервисот на Ѓоковиќ по кој топчето по ударот на Алкараз заврши во аут.

„Неверојатен меч! Неверојатно, но јас сум сигурна дека беше „нец“. Слушајте го звукот по сервисот на Ѓоковиќ и гледајте ја реакцијата на Алкараз. Ништо не му одземам на Ѓоковиќ, но е глупаво ако е вистина“, искоментира Стабс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос во свој стил изнесе став за тоа кого го гледа како погол…