Дома Фудбал Италија Американска компанија купува акции и го спасува Интер

Американска компанија купува акции и го спасува Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Интер, Стивен Жанг обезбедил 250 милиони евра за касата на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, Интер има големи финансиски проблеми и доцни со исплата на платите и обврските, па Жанг мора да обезбеди 250 милиони евра до крајот на сезоната.

„Кориере дела Сера“ пренесува дека американскиот инвестициски фонд „Беин Капитал“ е спремен да даде 250 милиони евра.

Компанијата „Сунинг“ сака да остане сопственик на клубот, па американската компанија ќе добие 31% од акциите на Интер за споменатата сума.

Интер цела сезона има финансиски проблеми и доцни со платите бидејќи Кина забрани одлив на капитал, па „Сунинг“ има потешкотии да го води клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жестока реакција во живо по исфрлањето од Светското првенство: Ќе ме запомнат како оној што не остави ништо зад себе!

Шпанските фудбалери триумфираа во последниот натпревар од групата Х на Светското првенство…