Дома Фудбал Репрезентации Аматерската репрезентација на Македонија од денес на „Regions Cup“ во Италија

Аматерската репрезентација на Македонија од денес на „Regions Cup“ во Италија

Аматерската репрезентација на Македонија во периодот од 28 септември до 5 октомври ќе биде учесник на Regions Cup  турнир во организација на УЕФА што ќе се одржи во Рим, Италија

Нашата репрезентација на овој турнир за противници ги имаме аматерскиот тим на Баварија од Германија, Лацио од Италија и Џерси од Англија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот меч го играме против Баварија на 29. септември со почеток од 15. часот. Нов тежок натпревар не очекува на 2 октомври против аматерскиот тим на Лацио од Италија со почеток од 15. часот.

Последниот натпревар го играме против Џерси, аматерскиот тим од Англија на 5. октомври во 15. часот.

Селекторот Жанко Савов се одлучи да ги повика следните фудбалери од аматерската репрезентација:

Голмани: Антонио Столевски (Караорман), Борче Картов (Кожув);

Одбрана: Мухарем Мислими (Беса 1976), Христијан Бејков (Кожув), Мартин Димоски (Детонит Плачковица), Нинослав Здравкоски (Аресими 1976), Давид Бошески (Академија Пандев), Оливер Христов (Детонит Плачковица), Богдан Велиновски (Слога 1934), Христијан Митревски (Охрид Лихнидос);

Среден ред: Давид Ристовски (Кожув), Влатко Стојановски (Борец 1919), Стојче Стојов (Каменица Саса), Ники Зумровски (Кожув), Емил Скоко (Пехчево), Зоран Андонов (Детонит Плачковица);

Напад: Филип Димоски (Детонит Плачковица), Ангел Кочев (Кожув)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Атлетико без милост, Милан рутински

Атлетико Мадрид и Милан забележаа гостински победи во Лигата на шампиони против Спарта Пра…