Според последните информации, Ал Хилал нема намера да се откаже од Виктор Осимен и спрема нова побогата понуда за нигерскиот напаѓач.
Претходно, Ал Хилал испрати две понуди, но Де Лаурентис беше одлучен во намерата да го задржи. Првиот човек на Наполи одби понуди од 120 и 140 милиони евра, па сега се спрема и трета понуда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новата понуда за Осимен е 200 милиони евра за петгодишен договор и со оваа понуда ќе се обидат да го убедат Осимен да изврши притисок врз раководството. Од друга страна Наполи според оваа понуда би добил оштета од 150 милиони евра.
Де Лаурентис досега беше категоричен, останува да видиме сега каков ќе биде одговорот…