Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер наводно се нашол на мета на Ал Наср кој е спремен за неговите услуги да плати и 100 милиони евра.
Емерик Лапорт би можел да замине од саудискиот клуб бидејќи сака да се врати во Европа, па Рудигер би пристигнал на негово место. Интерес за услугите на дефанзивецот покажал Атлетико Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ тврди дека Рудигер може да биде потенцијалното засилување.
Се шпекулира и за неговата плата во Ал Наср и според најавите таа би можела да изнесува околу 25 милиони евра.