Познатиот француски фудбалер Карим Бензема итно се врати во Мадрид за да се лекува од повредата која го мачеше во текот на целата сезона.
36-годишниот Бензема не е презадоволен од животот и кариерата во Саудиска Арабија откако минатото лето замина во Ал-Итихад, а додека се зборуваше за неговото враќање во англискиот фудбал, тој мораше да се врати во својот поранешен клуб на лекување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На дуелот од Саудиската Про лига против Ал Вехда, Бензема повреден го напушти теренот. На крајот од првото полувреме се фати за тетивата, по што беше заменет, а бидејќи се работи за посериозна повреда не сакаше ништо да ризикува и се врати во Реал Мадрид каде долгогодишниот лекарски тим ќе се обиде да во најбрз рок да го опорави.
Саудискиот клуб во краткото соопштение му се заблагодари на Реал за укажаната можност за лекување.
„По контакт со Реал Мадрид, беше постигнат договор играчот да оди на дополнителни тестови во клиниката на Реал со тимот што го лекуваше за време на неговиот престој во клубот. Играчот отпатува за Мадрид и ќе се врати следната недела“, соопшти Ал Итихад. .
Бензема ќе потсетиме остави огромен белег на Сантијаго Бернабеу помеѓу 2009 и 2023 година. Таму стана вториот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид и ја освои Златната топка.
🚨 Karim Benzema has returned to Real Madrid's training ground Valdebebas to undergo further tests and get help with injury treatment.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 2, 2024
Al-Ittihad confirm they’re grateful with Real Madrid for helping manage Benzema’s injury.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/WN44WBDUyS