Дома Останати Тенис Алкараз откри кој рекорд на Ѓоковиќ сака да го сруши – не е оној по грен-слемови!

Алкараз откри кој рекорд на Ѓоковиќ сака да го сруши – не е оној по грен-слемови!

Со раната елиминација од турнирот во Париз, Карлос Алкараз му остави отворен пат на Новак Ѓоковиќ да остане на врвот на АТП листата до крајот на годината.

Тој пораз го повреди Шпанецот кој е свесен е дека ќе мора да работи на подобрување на формата за да биде конкурентен во Торино.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во интервју за италијанските медиуми Алкараз изјави дека би сакал да го надмине рекордот на Новак по бројот на недели поминати на АТП листата.

„Би сакал да го соборам рекордот по бројот на недели на број 1“, изјави Алкараз, кој сега е број еден на АТП листата веќе 36 недели, додека Ѓоковиќ е на 397.

“Сè може да се надмине. Во спортот нема невозможни работи. Порано или подоцна ќе дојде некој кој ќе соборува рекорди. Ѓоковиќ, Надал и Федерер многу го променија тенисот, нивното давање примери е позитивно за сите. Најтешкото нешто ќе биде соборување на рекордот на Надал од 14 титули на Ролан Гарос“, смета на Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…