Дома Останати Тенис Алкараз не крие: Сакам да го симнам Ѓоковиќ од врвот!

Алкараз не крие: Сакам да го симнам Ѓоковиќ од врвот!

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Ју-Ес Опен и така стигна до 24 гренслем-титули во кариерата, а исто така е на првата позиција на АТП-листата пред најголемиот ривал во моментов, Карлос Алкараз.

Шпанецот има уште два месеци за да го урне Ѓоковиќ од тронот пред крајот на сезоната, но разликата во моментов изнесува повеќе од 3.000 бодови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ брани многу бодови до крајот на годината затоа што играше повеќе, додека Алкараз речиси и да не брани бодови.

„Се разбира дека сакам да го симнам Ѓоковиќ од врвот. Во моментов Новак е прв, но јас сум мотивиран да го преминам на ранг-листата.

Постојано мислам на Ѓоковиќ, имам цел и сакам да го надминам“, кажа Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …