Дома Останати Тенис Алкараз и Синер го одиграа поенот на сезоната!

Алкараз и Синер го одиграа поенот на сезоната!

Шпанецот Карлос Алкараз со пресврт го победи Јаник Синер (1:6, 6:3, 6:2) и така се пласираше во финалето на Индијан Велс каде што ќе игра против Данил Медведев.

Алкараз и Синер одиграа меч за уживање, а во овој меч го видовме и еден од најдобрите поени во досегашниот дел од сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во прв момент Синер помисли дека го надмудрил Алкараз кој беше фатен на погрешна нога, а потоа следеше вистинско шоу. Видовме неколку неверојатни спринртови, потоа и поен во кој Синер успеа да одигра додека се лизга на теренот.

Алкараз го врати ударот, меѓутоа не во полето туку во аут, публиката за ваквиот поен ги награди двајцата тенисери со громогласен аплауз. Во финалето Шпанецот ќе ја брани титулата освоената титула минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…