Дома Фудбал Останато „Алиоски е мојот најдобар соиграч во кариерата“

„Алиоски е мојот најдобар соиграч во кариерата“

Емре Мор, турскиот фудбалер и член на Фенербахче, поради својот талент се стекна со прекрарот „турскиот Меси“ поради неговиот вистински талент. На само 18 години, тој направи голем трансфер во Борусија Дортмунд, но таму не се задржа долго.

Подоцна во текот на кариерата Мор настапуваше за различни клубови, вклучувајќи ги Селта, Галатасарај, Олимпијакос и Карагумрук, пред да се врати во Фенербахче. Во турскиот клуб, Мор беше соиграч и со македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски кој му оставил голем впечаток.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На прашање кој му е најдобар соиграч, Мор откри дека неговиот избор е Алиоски, со кој и подоцна продолжил да одржува контакт. По нивното заедничко време во Фенербахче, Алиоски се врати во Саудиска Арабија, додека Мор во моментов е позајмен на Фатих Карагумрук.

„Најдобар соиграч во кариерата? Алиоски. Ако треба да се земам со маж би се земал со него“, низ насмевка одговорил Мор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал одби изненадувачка понуда од Реал за трампа

Управата на Арсенал веднаш ја одбила можноста да го размени Вилијам Салиба за крилниот игр…