Дома Трансфер зона Алиоски барал договор на четири години и два милиони евра по сезона?

Алиоски барал договор на четири години и два милиони евра по сезона?

На македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски договор со Лидс веќе му заврши, па сега разгледува каде ќе ја продолжи кариерата.

Засега останувањето во Лидс не е отпишана можност, меѓутоа постојат одредени услови. Најголемиот интерес за Џани е од Турција каде што го посакуваат три големи екипи, Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според информациите кои ги пласираа англиските и дел од турските медиуми Алиоски имал побараување за плата од два милиони евра по сезона и договор на четири години.

Наводно и тоа е најголемиот проблем во преговорите. Како и да останува да видиме каде еден од нашите најдобри фудбалери ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…