Дома Македонски спорт Мак фудбал Алими: Фактите покажуваат дека Шкендија е најдобриот тим во лигата

Алими: Фактите покажуваат дека Шкендија е најдобриот тим во лигата

Пред третиот круг од тековниот шампионат тимот на Шкендија влегува како лидер со 47 бодови, седум повеќе од второпласираниот Шкупи.

Поради Шкендија е најголем фаворит за титулата, меѓутоа пред нив се уште има натпревари за играње. Еден од клучните играчи на Шкендија, Арменд Алими верува дека неговиот тим ќе биде шампион на крајот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Убеден сум дека Шкендија ќе биде шампион на крајот. Фактите покажуваат дека сме најдобриот тим во лигата, бевме први во првите два круга, така нека биде и после третата фаза“.

„Пандемијата со коронавирусот го потресе целиот свет, се одрази на се и сите, па така и на нас фудбалерите. Имавме голема пауза, тешко беше да се одржи формата, форматот во Европа беше променет…Не е лесно да се справуваш со ваква ситуација, затоа треба да бидеме задоволни што сме први. Кога во прашање е Ковид-19 јас лично го почувстував затоа што не можев да бидам со тимот пшротив Сумгаит во во евро квалификациите. Подоцна го изгубив и мојот татко па ми беше потребна дополнителна сила“, изјави Алими за клупскиот сајт на Шкендија.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…