Клаудио Раниери пред неколку дена заработи отказ на клупата на Фулам, а на негово место дојде Скот Паркер.
Поранешниот фудбалер на Челзи доби неочекувана прилика да се покажа како тренер и тоа на клупата на еден клуб во Премиер лигата. Од Фулам одлучија Паркер да биде привремено решение, но постои можност да ја задржи работата ако успее да го извлече Фулам од лошите резултати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За поранешниот репрезентативец на Англија ова е прва посериозна тренерска работа, а до сега работеше само како помошник. Паркер е свесен дека пред него е голем предизвик и е спремен да ја искористи шансата која му е дадена.
Новиот тренер на Фулам за англиските медиуми призна дека не знаел дека има толку пријатели бидејќи телефонот не престанал да му ѕвони откако е избран за тренер на овој тим. Меѓутоа една порака посебно го воодушевила и го оставила без текст.
„Навистина немав многу пријатели или можеби мислев така. Телефонот не престана да ми ѕвони откако станав тренер на Фулам. Добив многу убави пораки, но останав без текст кога порака ми испрати големиот Сер Алекс Фергусон. Тоа е неверојатно и одлично од негова страна. Ми значи тоа што еден од најголемите тренери во историјата ми посака среќа. Неговата порака за мене е посебна инспирација, а тој уште еднаш докажа за каков господин станува збор“, изјави Паркер.