Време е за големото финале на ЕУРО 2020. Како што е редот, свое мислење, анализа и прогноза за денешниот финален меч меѓу Италија и Англија даде еден од членовите на прогнозерскиот тим на Кладење.мк, Александар Васоски кои во текот на цело Европско Првенство имаше доста успешни прогнози.
Во финалниот натпревар според мене играат две репрезентации кои ова ЕУРО 2020 играа најдобар фудбал. Тука пред се мислам на репрезентацијата на Италија која на неколку натпревари ме воодушеви и секако на нив им давам мала предност во финалето, бидејќи има поискусна дефанзивна линија која е вистински бедем пред голот на Донурама.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во напад се веројатно подобри англичаните, но тоа барем досега не се покажа како клучна предност. Мислам дека Италија ќе победи, но со мала разлика, дали 1:0, дали 2:1 имислам дека токму тој еден гол ќе ја направи разликата бидејќи како што кажав Италија ми е некако посилна репрезентација. Не се знае веќе ни колку натпревари по ред нема доживеано пораз и од таму им давам предност на нив.
Но не очекувам преогу голови. Двете селекции ќе бидат претпазливи. Ќе бидат и уморно бидејќи и двете селекции играа и продолженија, па затоа не очекувам висок ритам од првата минута и очекувам дека ќе се игра калкулантски.