Дома Фудбал Италија Алегри: Цела Италија е против Јувентус!

Алегри: Цела Италија е против Јувентус!

alegri

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри истакна дека неговиот тим нема лесно да дојде до одбрана на титулата и освојување на 7-мо Скудето по ред бидејќи има многу конкуренти оваа сезона.

„Знаеме дека оваа година сите тимови во лигата се против нас. Сите во Италија сакаат Јувентус да биде победен. Наполи, Рома, Интер, Милан, Лацио, сите имаат големи амбиции да не симнат од врвот. Тоа значи дека треба да се трудиме повеќе и во точно определени ситуации“, истакна Алегри.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ова кола изоболува со дерби натпревари во Серија А, а Јувентус утре ќе ги одмери силите против Лацио на својот стадион.

„Ќе ни биде тешко против Лацио. Должни сме да не дозволиме повторно да не нападнат од контри. Бидејќи ако примиме гол ќе треба да потрошиле премногу сили за да се вратиме. Во вакви натпревари одбраната е најважна“, заклучи Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле се извини, Луис Енрике го врати во тимот

Осман Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ и викендов повторно ќе биде дел од тимот, отка…