Дома Топ вести Алегри фаворит да го наследи Зидан

Алегри фаворит да го наследи Зидан

Променливите резултати на Реал Мадрид од почетокот на сезоната го ставија Зинедин Зидан во лоша позиција и сега се шпекулира за негово заминувње од клупата на „кралевите“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека многу е веројатно дека Зидан на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно „кралевите“ веќе бараат негов наследник, а прва желба е италијанскиот стратег Масимилиано Алегри.

Алегри моментално е без ангажман, а медиумите тврдат дека токму Реал Мадрид е причината зошто ги одбил понудите на ПСЖ и Челзи.

Како алтернатива се споменува младиот германски стратег Јулијан Нагелсман, кој со успех го води тимот на Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато кога Влаховиќ ќе потпише нов договор!

Иако италијанските новинари веќе некое време го „селеа“ Душан Влаховиќ од Јувентус, во тек…