Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри уште еднаш повтори дека нема намера да поднесе оставка бидејќи има уште две години од договорот со клубот од Торино, пренесува „Скај Италија“.
Јувентус на гостински терен го победи Удинезе со 1:0 во последното 38-мо коло од Серија А. Клубот од Торино сезоната ја заврши на седмото место на табелата со 62 бода, а ќе игра во плеј-офот за пласман во Конференциската лига.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Старата дама“ заврши на седмото место бидејќи италијанскиот Сојузен апалационен суд му одземе десет бодови на клубот од Торино поради финансиски малверзации при трансферите на играчите.
„Нема преговори за моето заминување, имам договор на уште две години. Нема да поднесам оставка и сум на располагање на клубот. Сакам да направам програма и да работам со она што го имам, како и што секогаш правев. Како и на сите други, сега ми е потребен малку одмор“, изјави Алегри.