Дома Фудбал Италија Алегри: Оваа сезона Скудетото е наша должност

Алегри: Оваа сезона Скудетото е наша должност

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри не крие дека Јувентус оваа сезона како примарна цел го постави освојувањето на Скудетото.

После две сезони на 4-то место, Јувентус во летниот преоден рок се засили со Погба, Ди Марија и Бремер, па ќе биде еден од главните фаворити за титулата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Алегри смета дека за „бјанконерите“ ќе биде должност оваа сезона да го освојат Скудетото.

„Јувентус, како и секогаш, сака да ги постигне сите цели. Некои врвни играчи пристигнаа ова лето: некои искусни, некои млади. Исто така, ова е мојата втора сезона, така што почнуваме на добра основа. По нашата прва сезона без трофеј по 10 години, сега имаме обврска да го освоиме Скудетото“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Изгубивме интерес за Лига на шампионите!

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, но сега работи на др…