Дома Фудбал Италија Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Кристијано Роналдо е максимално опуштен и обвинението за силување не влијае на неговите настапи на теренот, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Португалецот е сконцентриран за претстојните натпревари на Јувентус и не се плаши од барањето на полицијата во Лас Вегас за приложување на ДНК примерок во врска со истрагата во САД, по тврдењата на Американката Кетрин Мајорга дека Роналдо ја силувал во 2009-та година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Случајот на Роналдо е личен и не е поврзан со фудбалот. На тренинзите го гледам целосно опуштен и сконцентриран“, изјави Алегри.

Јувентус во престојните денови го очекуваат два многу важни меча, најпрво со Болоња во Купот, а потоа мечот од Суперкупот на Италија против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карагер е воодушевен од Екитике: Објасни зошто за него е подобар од Торес

Џејми Карагер е толку воодушевен од Уго Екитике што верува дека ќе го надмине и големиот Ф…