Тренерот на Јувентус, Макс Алегри призна дека направил грешка во дербито со Интер, но вети дека ќе ги пушти Дибала и Киеза како стартери на утрешниот дуел со Сасуоло.
„Дибала и Киеза ќе бидат во стартниот тим, што значи дека сите ќе бидат среќни. Вие пишувате, а јас ве правам среќни. Тие се двајва топ фудбалери и во неделата јас погрешив, но го предвидов мечот на сосема поинаков начин“, призна Алегри.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Го ставив Кулушевски кој требаше да го чува Брозовиќ. Не е проблем ако некој играч започне на клупата, има многу натпревари до крајот на сезоната, се надевам дека оваа сезона ќе одиграме 57 меча. Дибала и Киеза не се резерви, јас така одлучив бидејќи погрешив во проценката на мечот. Кога влегова во игра дадоа поголем квалитет во нашата игра“, додаде Алегри.