Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри забележува големи успеси со италијанскиот гигант, а тоа го потврдува и статистиката.
Алегри на клупата на гигантот од Торино седна пред три години и до сега на 183 натпревари натпревари забележа 128 победи со стана трет најуспешен тренер на вечната листа на овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Италијанецот се само Џовани Траптони и Марчело Липи. Првиот има 319 победи од 596 натпревари, додека вториот на 405 натпревари оствари 227 победи. Алегри е трет и по бројот на освоени трофеи. Три титули во Серија А, три купа и Суперкуп, а Јувентус под негово водство играше и две финалиња во Лигата на шампионите.
Кога во прашање е процентот на победите, Алегри е поуспешен од Липи и Траптони бидејќи славел на 70% од натпреварите. Зад него се Каркана (68.9), Конте (67.6) и Траптони (53.5).
Оваа сезона Јувентус после 12 кола се наоѓа на втората позиција со 31 освоен бод, еден помалку од лидерот Наполи.