Јувентус утре гостува кај Каљари во рамките од 30-тото коло во Серија А, а тренерот на „старата дама“ се соочува со големи проблеми пред овој натпревар.
Имено, Масимилијано Алегри за утрешниот натпревар против Каљари не може да смета на дури деветмина фудбалери.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Италијанскиот стратег се соочува со проблеми со повредени фудбалери и за оваа средба во конкуренција нема да бидат: Леонардо Спинацола, Марио Манџукиќ, Паоло Дибала, Андреа Брзаљи, Хуан Квардадо, Сами Кедира, Даглас Коста и Кристиано Роналдо.
Навистина, некои од нив Алегри сака да одмори, а за оваа средба ќе бидат повикани неколку играчи од резервниот тим. Така во конкуренција за натпреварот со Каљари нема да се најдат Григорис Кастанос, Накс Николуси Каљавлија и поранешниот член на Арсенал, напаѓачот Стеф Мавидиди.
Се очекува нападот на Јувентус во утрешната средба да го предводи младиот Моис Кин.
Сепак, за Алегри најважно е неговите најдобри фудбалери да бидат спремни за првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Ајакс. Денес пристигнаа вести дека „џокерот“ од клупата на Алегри, Спинацола е под голем знак прашалник за двомечот со холандскиот тим во Лигата на шампионите. За првиот натпревар против Ајакс неизвесен е и настапот на првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо, меѓутоа очекувањата се Португалецот да биде спремен за оваа средба.