Дома Фудбал Италија Алегри застана во одбрана на Буфон: Тој е пример за спортист!

Алегри застана во одбрана на Буфон: Тој е пример за спортист!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри застана во одбрана на Џанлуиџи Буфон, кој заработи црвен картон на мечот против Реал Мадрид.

Буфон бурно реагираше и после мечот упати жестоки критики кон судијата Оливер и го нарече „ѓубре од човек“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Алегри е лут поради критиките кои се изрекоа на адреса на Буфон и вели дека тој е пример за спортист во последните 20 години.

„Секогаш е лесно да се суди од страна. Буфон во последните 20 години беше пример за тоа како човек треба да се однесува на теренот и надвор од него“, истакна Алегри.

„Јасно е дека му беше тешко, не само поради пеналот, туку и исклучувањето кое го спречи да се обиде да го одбрани пеналот на Роналдо. Убаво е да се седи во фотеља и да се осудува без да се земе предвид психолошкиот момент. Не го обвинувам судијата, го загуби компасот по одличниот натпревар”, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ужас: Фудбалер убиен од својот брат во улична тепачка!

Лукас Игнасио Пирес, фудбалер од Аргентина, почина откако бил наводно нападнат од својот б…