Дома Фудбал Останато Алегри е бивши, Јувентус веќе му најде замена

Алегри е бивши, Јувентус веќе му најде замена

alegri

На Масимилијано Алегри ќе му биде потребно чудо на крајот од сезоната да го преживее отказот на клупата на Јувентус.

Алегри се наоѓа на голем удар критики откако што Јувентус синоќа испадна од четвртфиналето во Лигата на Шампионите од Ајакс. Овој италијански стратег доминира со „Старата дама“ веќе со години во Серија А, но Лигата на Шампионите остана само сон. Во Јувентус оваа сезона јасно му дадоја до знаење дека трофејот во Лигата на Шампионите е цел, а дури во клубот го доведоја и Роналдо за тоа конечно да го остварат.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Меѓутоа, Јувентус испадна уште во четвртфиналето и тоа со пораз од Ајакс кој се сметаше како аутсајдер во овој натпревар. Но, холандскиот клуб ги шокираше сите со одличната игра и заслужено победи во Торино со 2:1. Веднаш по натпреварот започнаа шпекулациите за тоа дека Алегри би можел да добие отказ, но дека тоа ќе се случи на крајот од сезоната. Јуве е на чекор од титулата во Италија и во клубот веројатно ќе го остават Алегри до крајот на сезоната.

Сепак, ќе биде потребно вистинско чудо Алегри и понатаму да остане член на Јувентус, а тоа најдобро го покажува фактот дека управата на клубот од Торино веќе започна да бара нов тренер. Италијанскиот „Sky Sports“ денеска објави дека Јувентус го контактирал поранешниот тренер Антонио Конте и дека ги направиле првите разговори околку неговото евентуално враќање на клупата од „Старата дама“.

Тоа е доказ дека во Јувентус повеќе не сметаат на Алегри и дека одлучиле дека дојдено е времето за разделба. Сигурно дека Конте нема да има ништо против враќање во Јуве, но и на тренерската работа, бидјеќи веќе година дена е без работа по отказот во Челзи. Конте на клупата на Јувентус беше од 2011. до 2014. година, кога одлучи да го напушти клубот и да го прифати селекторското место во репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат е договор: Вардар доби нов сопственик!

Македонскиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар од вечерва има нови сопственици, потврдуваа…