Алегри веќе донел конечна одлука, па Јувентус без разлика на исходот на сезоната ќе бара нов тренер на лето.
Имено, Макс Алегри според тврдењата на италијанските медиуми веќе го известил клубот дека неговиот циклус е завршен и дека по пет години ќе го напушти Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа информација ја даде неговиот ментор, 78-годишниот Џовани Галеоне. Тој во разговор со „Радио Кис Kис“, откри дека Алегри минатата сезона размислувал да си замине. Сепак, неговата желба е да ја освои Лигата на шампионите пред да замине од Торино.
„Мислам дека во Италија нема каде веќе да оди. Без разлика што ќе направи во Лигата на шампионите, мислам дека неговата авантура во Јувентус е завршена. Минатата година тој можеше да оди во Челси, Арсенал, Манчестер јунајтед или Реал Мадрид, но ги одби бидејќи сакаше да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус“, истакна Галеоне.
Алегри освои четири двојни круни, играше две финалиња во Лигата на шампионите, на пат е кон ново Скудето, а останува да се види дали ќе успее да го елиминира Атлетико и да го продолжи патот во Европа.
Јувентус веќе ја започна потрагата по негова замена, а прв избор е секако Зинедин Зидан.
„Тутоспорт“, весник близок со торинскиот клуб, пренесува дека опции за „старата дама“ се уште Гвардиола и Клоп, но тоа е скоро „невозможна мисија“ во моментов.