Дома Фудбал Италија Алегри: Доколку одиграме вака против Милан тие нас ќе не „уништат“!

Алегри: Доколку одиграме вака против Милан тие нас ќе не „уништат“!

Екипата на Јувентус во вчерашниот натпревар во рамките од италијанската Серија А запиша победа над фенерџијата СПАЛ од 4:1.

За Јувентус ова беше втора победа во низа во која постигнуваат повеќе погодоци, претходно тие славеа против Удинезе на гостински терен со резултат 2:6, сепак тренерот на овој тим Масимилијано Алегри не беше премногу задоволен од прикажаното.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Против СПАЛ успеавме да победиме, постигнавме четири погодоци, но тоа е екипа од долниот дел на табелата. Доколку одиграме вака во дербито против Милан наредното коло, тие нас ќе не уништат“, изјави Алегри.

Дербито помеѓу Милан и Јувентус се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тага, болка и солзи: Светот се збогува со Жота и неговиот брат (Фото)

Диого Жота и неговиот брат Андре Силва трагично загинаа во сообраќајна несреќа во ноќта ме…