Клубовите од Саудиска Арабија направија вистински бум на трансфер пазарот со интересот за европските фудбалери, а тоа е изгледа само почеток.
По интересот за фудбалери започнаа да се појавуваат и тренерски имиња, се пишуваше дека Жозе Мурињо одбил понуда, сега го сакаат Масимилијано Алегри. Ако на Мурињо добро му оди во Рома, тоа не може да се каже за Алегри во Јувентус, па затоа опцијата за негово доведување можеби е повеќе реална.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алегри изајви дека има намера до крај да го одработи својот договор со Јувентус, но понуда од Саудијците би можела да ги промени работите. Според информациите на „Газета дело спорт“, Алегри во текот на наредната недела ќе се сретне со делегација на еден саудиски клуб. Во прашање е Ал Хилал или Ал Наср.
Најавите се дека Алегри ќе добие понуда со три или четири пати поголема плата во однос на седумте милиони кои ги добива во Јувентус за една година.