Тренерот на италијанскиот шампион, Масимилиано Алегри го поздрави враќањето на Карло Анчелоти во Серија А.
Алегри е среќен што еден од најдобрите тренери во светот се враќа во Италија, иако ќе го предводи најголемиот ривал за Скудетото, тимот на Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Добре дојде назад во Италија, Карло Анчелоти! Во Серија А се врати еден од најдобрите тренери во светот“, напиша Алегри на Твитер.
Наполи вчера официјално го назначи Анчелоти за нов кормилар на местото на Маурицио Сари, па се очекува Карло и Алегри следната сезона да водат голема битка за Скудетото.
Bentornato in Italia @mrancelotti ! La @SerieA_TIM ritrova un’eccellenza del nostro calcio.
— Massimiliano Allegri (@OfficialAllegri) May 23, 2018