Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри го отпиша Јувентус пред реваншот: Барем да немаше трет гол…

Алегри го отпиша Јувентус пред реваншот: Барем да немаше трет гол…

„Старата дама“ вечерва запиша висок пораз од Реал Мадрид на домашен терен во првиот четвртфинален меч во рамки на ЛШ.

Алегри по тешкиот пораз од 0:3, го истакна своето видување на целиот меч, а на некој начин го отпиша Јувентус пред реваншот во Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Потребна е и среќа кога играш против ваков тим, а секако потребен е и лош ден за Роналдо. Игравме добро по првиот гол, па иако загубивме сметам дека бевме достоен противник. Но, да се игра против Реал уште еднаш докажува зошто имаат три освоени титули во последните четири сезони во ЛШ. Имавме шанси да израмниме, а потоа се разочарав што примивме трет гол. Рамос во следниот меч ќе биде суспендиран, па да беше 2:0 ќе можевме да се надеваме на реваншот во Мадрид. Скапо ги плативме недоразбирањата, но сепак не им замерувам на своите фудбалери кои играа против најдобриот напаѓач во светот“, истакна Алегри на конфенрецијата за медиумите по завршувањето на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Големото промашување на Јувентус пред враќање во Премиер лигата

Нотингем Форест активно работи на засилување на тимот за претстојната сезона. Клубот преди…