Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри влегол во расправија со фудбалерот Леанрдо Паредес на последниот тренинг.
Според информациите на италијанските медиуми тренингот го следеле околу 300 навивачи. Додека фудбалерите на Јувентус потпишувале автограми забележана била напнатост помеѓу Паредес и Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двајцата според информациите влетале во соблекувалната и почнале да се расправаат пред остатокот од тимот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека 28-годишниот фудбалер му ставил до знаење на Алегри дека не е задоволен од минутажата. Аргентинецот во Јувентус пристигна минатото лето на позајмица од ПСЖ. Оваа сезона одигрра само 1086 минути.
Јувентус откако испадна од Лигата на шампионите нема обврска да го откупи неговиот договор од ПСЖ и најверојатно фидбалерот ќе се врати во Париз каде што исто така не сметаат сериозно на него.