Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Ако го поминеме Атлетико можеме до финалето

Алегри: Ако го поминеме Атлетико можеме до финалето

alegri

Во Торино се оптимисти.

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри денес изјави дека се е можно и дека неговата екипа може далеку доколку го помине Атлетико Мадрид.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Јувентус на првиот натпревар во Мадрид загуби со 0:2 и сега пред „старата дама“ е тешка задача да го сврти резултатот во своја корист.

Во Јувентус веруваат дека можат да ја свртат работата во своја корист, а тренерот Алегри верува дека Јувентус може да стигне до финалето ако утре успее да го сврти резултатот во своја корист.

„Во вторник не очекува исклучително важен натпревар во Лигата на шампионите. Пред нас е многу тежок натпревар, но ако победиме убеден сум дека можеме да стигнеме до финалето“.

„Никогаш не можете да знаете што ќе се случи во фудбалот, едноставно се е можно се уверивме во тоа и кога се играа натпреварите минатата недела. Би сакал да одиграме добар натпревар и да видиме што можеме да направиме. Атлетико е навистина добар противник“, изјави Алегри.

Атлетико пред овој натпревар можеше да се соочи со голем проблем, но Диего Годин кој го пропушти натпреварот за викендот ќе биде во комбинација за настап, покрај него спремен е и Коке.

Меѓутоа Симеоне ќе мора да пронајде решение за позиијата на Фелипе Луис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Холандија рутински против Романија🎥

Холандија со 3-0 ја совлада Романија и се пласираше помеѓу осумте најдобри на Европското п…