Во викендот кој следи започнува сезоната во албанската фудбалска елита, па така екипата на Тирана која има амбиции за највисок пласман ги најави возбудувањата кои се очекуваат.
Пред сезоната тие направија видео во кое со песни по избор на фудбалерите ја најавуваат сезоната. Во видеото очекувано доминираат албански традиционални песни, меѓутоа пред крајот на најавата се слуша и песна од нашата музичка легенда Тоше Проески.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причината поради што песната на Тоше се најде во ова видео е Филип Најдоски кој во овој тим настапува заедно со уште двајца македонски фудбалери Кристијан Тошевски и Енур Тотре.