Поранешниот фудбалер на Вардар Филип Најдовски стартна победа во албанската лига за Тирана.
Најдовски одигра одличен натпревар и ги постигна двата гола за неговиот тим. Ваков почеток поранешниот вардарец можеше само да посакува. Уште во раната фаза по осум минути го отвори резултатот, а веќе во 14-тата го постигна вториот гол против Кукс. Тој резултат на крајот се покажа како конечен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Најдовски го напушти Вардар кога клубот го зафати финансиската криза која се уште е актуелна и не се знае како ќе заврши. Заедно со Најдовски за Тирана потпиша и Кристијан Тошевски.