Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука, најави дека албанските фудбалери кои настапуваат во Италија од следната сезона ќе имаат статус на домашни играчи.
Одлуката доаѓа како резултат на неодамнешната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Италија. Во јануари Рама се сретна со претседателот на Фудбалскиот сојзу на Италија, Габриеле Гравина и договорот стартува почнувајќи од сезоната 2024/25.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа значи дека од следната сезона играчите од Албанија нема да влегуваат во квотата на играчи кои доаѓаат од земјите кои се надвор од Европската унија, што ќе биде дополнително олеснување и за фудбалерите и за италијанските клубови.
Во Серија А во овој момент играат 13 фудбалери од Албанија и голем дел од нив имаат важна улога во своите тимови.